Во последните 24 часа во Македонија со 1.181 тестирања се регистрирани 336 нови случаи на зараза со коронавирусот и 32 смрни исходи поврзани со компликации предизвикани од Covid-19, соопшти малку по полноќ кон вторникот Министерството за здравство.
Невообичаено и засега без појаснување но со извинување беа објавени показателите од пресекот за последното деноноќие во врска со епидемијата на коронавиуросот во земјата. Исто така, нејасно е дали станува збор за податоци од пресекот од недела кон понеделник. Помалиот број спроведени анализи на примероците, инаку, е вообичаен за викендите.
Со последните податоци, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата кон крајот на февруари изнесува 61.878 случаи, бројката на оздравени пациенти е 38.946, на починати е 1.763. Бројот на активни случаи изнесува во моментов изнесува 21.169.
Дистрибуцијата на новозаразени по градови е следната: Скопје-95, Куманово-10, Штип-12, Прилеп-27, Тетово-11, Струга-1, Велес-30, Битола-34, Охрид-1, Кавадарци-7, Гостивар-41, Гевгелија-7, Струмица-7, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-6.
Починати се 32 лица, дванаесет пациенти од Скопје (на 66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82-годшна возраст), двајца од Прилеп (70 и 55г), тројца од Тетово (64, 79 и 67г), двајца од Струга (67 и 74г), еден пациент од Велес (51г), двајца од Охрид (70 и 74г), еден од Кавадарци (77г), еден од Гостивар (61г), двајца од Струмица (63 и 66г), двајца од Радовиш (62 и 70г), еден пациент од Кочани (64г), еден од Делчево (78г), еден од Кичево (64г) и еден пациент од Неготино (55г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 26.976, активни 9.996
- Куманово 3.748, активни 952
- Дебар 462, активни 97
- Штип 2674, активни 528
- Прилеп 3.010, активни 1.000
- Тетово 3.823, активни 942
- Струга 1.447, активни 454
- Велес 1.992, активни 693
- Битола 2.075, активни 925
- Охрид 1.597, активни 618
- Кавадарци 1.254, активни 481
- Гостивар 2,557, активни 982
- Гевгелија 744, активни 240 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)
- Струмица 1.711, активни 601
- Крива Паланка 431, активни 123
- Радовиш 438, активни 122
- Крушево 130, активни 71
- Кочани 1.241, активни 262
- Пробиштип 363, активни 90
- Демир Хисар 200, активни 88
- Македонски Брод 168, активни 46
- Пехчево 100, активни 22
- Берово 364, активни 88
- Валандово 218, активни 70
- Виница 376, активни 160
- Делчево 456, активни 196 (129 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 153, активни 52
- Свети Николе 842, активни 234
- Кичево 1.277, активни 530
- Ресен 461, активни 193
- Неготино 590, активни 313 (70 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Чаир – 625
- Гази Баба – 1502
- Аеродром -1436
- Карпош – 1169
- Центар – 1089
- Кисела Вода – 1237
- Ѓорче Петров – 867
- Бутел – 585
- Шуто Оризари – 195
- Студеничани – 53
- Сарај – 169
- Арачиново -31
- Илинден – 265
- Сопиште – 57
- Чучер Сандево – 100
- Петровец –138
- Зелениково -84
- Странец – 219
Нераспределен- 175
- На Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени пациенти од: Скопје-235, Штип-42, Прилеп-72, Тетово-26, Струга-1, Велес-54, Кавадарци-21, Гевгелија-10, Крива Паланка-6, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-25, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-9, Виница-2, Делчево-10, Кратово-2, Свети Николе-7 и Неготино-14.
Направените 1181 теста се преку: ИЈЗ-605, ЦЈЗ Скопје-20, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -123, Жан Митрев (Филип Втори)-140, Систина со PCR метода -232, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-4, ГАК-22, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -35, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 332. 286 тестирања на Ковид -19.