Повторно над 400 коронаинфекции во последните 24 часа, нови седум починати од Covid-19

Во последните 24 часа во Македонија со тестирање на 2.705 примероци регистрирани се 416 нови случаи на зараза со коронавирусот SARS-CoV-2, а нови седум смртни исходи се припишуваат на компликациите предизвикани од Covid-19, додека во последното деноноќие оздравеле 278 пациенти, соопшти во четвртокот Министерството за здравство.

Вкупната бројка на потврдени случаи на зараза со коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата кон крајот на февруари 2020 година изнесува 96.152 зарази, додека бројката оздравени пациенти е 87.122, а на починати е 2.966 луѓе. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 6.064.

Сите последни седум смртни исходи се регистрирани во билнички услови. И тоа три лица се починати во Скопје, на 61, 66  и  86-годишна возраст, двајца починати се од од Струга, на 53 и на 73-годишна возраст, и по еден смртен случај од  Охрид ма 69 и Кавадарци на 84 години.

Ррегистрираните 416 нови случаи на Covid-19 се распередени во Скопје – 186, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 23, Велес и Струга – по 16, Тетово – 13, Куманово – 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гостивар и Штип – по 8, Кочани – 7, Гевгелија, Неготино и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Кичево, Ресен и Дојран – по 2, Пробиштип, Валандово, Кратово, Богданци и Крушево – по 1.

Регистрирани се 278 оздравени пациенти од: Скопје – 143, Охрид – 20, Кавадарци – 16, Велес и Тетово – по 14, Куманово – 12, Прилеп и Штип – по 7, Струга – 6, Битола и Струмица – по 5, Кичево – 4, Гостивар, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 3, Гевгелија, Радовиш, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 2, Крива Паланка, Свети Николе и Ресен – по 1.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 42.009, активни 2.818

Куманово 5.329, активни 240

Тетово 5.234, активни 210

Прилеп 4.746, активни 230

Гостивар 3.682, активни 122

Штип 3.552, активни 79

Битола 3.304, активни 127

Велес 3.244, активни 218

Охрид 2.995, активни 352

Кавадарци 2.864, активни 379

Струмица 2.608, активни 147

Струга 2.303, активни 159

Кочани 1.767, активни 57

Кичево 1.745, активни 76

Свети Николе 1.097, активни 25

Гевгелија 1.060, активни 100

Неготино 1.017, активни 73

Дебар 777, активни 53

Ресен 769, активни 64

Крива Паланка 755, активни 45

Радовиш 737, активни 49

Делчево 692, активни 205

Берово 617, активни 34

Пробиштип 517, активни 16

Виница 503, активни 26

Валандово 333, активни 10

Демир Хисар 254, активни 11

Македонски Брод 249, активни 10

Кратово 245, активни 21

Богданци 228, активни 6

Крушево 227, активни 37

Демир Капија 226, активни 45

Македонска Каменица 192, активни 4

Пехчево 183, активни 4

Дојран 92, активни 12.

Направените 2.705 теста се преку: ИЈЗ-488, ЦЈЗ Скопје-84, Авицена-204, Биотек-589, Жан Митрев (Филип Втори)-159, Систина-214, лабораторија Лаор–146, МАНУ-84, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-52, Ремедика-23, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 567, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-6, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 479.430 тестирања на Ковид-19.

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.