Повторно обединување на разделени семејства во Северна Кореја

Околу 180 семејства разделени за време на Корејската војна повторно привремено ќе бидат обединети од денеска во Северна Кореја, по три годишниот прекин на тие средби поради севернокорејската нуклеарна програма.

Обединувањето ќе се одржи на севернокорејскиот туристички планински центар Кумганг, по постигнатиот договор меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џон Ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, за време на нивниот прв самит во април годинава, пренесе Ројтерс.

На семејствата, разделени за време на војната која траеше од 1950 до 1953 година, влијаат лошите односи меѓу двете Кореи, особено во последните години, поради тоа што Пјонгјанг брзо го унапреди своето нуклеарно оружје, па во 2015 година дојде до прекин во праксата на краткотрајното спојување на семејствата.

Повеќе од 57.000 јужнокорејски државјани се регистрирани за тоа кратко спојување на семејства, кое трае 11 часа, а од двете страни се избира одреден број кои одат на спојувањето со членовите на семејствата.

Од 57.000 преживеани во Корејската војна, повеќе од 40 проценти се во своите 80-ти години, а повеќе од 20 отсто се во 90-те, покажуваат податоците на јужнокорејската влада.

Најстариот Јужнокореец кој учествува во најновото спојување има 101 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.