Повторно окупација – како лекција и проверка!

Историјата не враќа повторно во состојба на ОКУПАЦИЈА! Според мене - ова е последната шанса нешто да разбереме и да ПРОМЕНИМЕ кај себе, и како поединци и како народ и како држава и како Црква, онака не очекува само окупација до исчезнување! 

Пишува: презвитер Ивица Тодоров

МАКЕДОНСКИОТ ропски и несозреан ментален склоп препознатлив по отсуство на осет за РЕАЛНО самовреднување и самопочитување, и на план на поединци и на план на цел народ, повторно не доведе и воведе во состојба на САМОПРЕДАВСТВО, самоукинување, САМОПОНИЖУВАЊЕ, САМОРАЗДЕЛУВАЊЕ, самоуништување…..

НЕКОЈ ќе каже дека крајно неповолната состојба во која се наоѓаме и како држава и како народ е плод на предавничко настроени поединци и суров надворешен притисок! И тоа е точно!

Но, и предавниците и оние што притискаат за да успее нивниот проект и интерес ИГРААТ на картата на македонскиот ропски и несозреан ментален склоп!
Моменталната НЕреакција, но и тоа што се случуваше година ипол наназад, е доказ и показ дека македонскиот народ во најголем процент нема осет за себе како КОЛЕКТИВИТЕТ, туку себе се доживува како случаен збир на поедници кои се борат за свое лично преживување, опстојување, а и богатење – не бирајќи начини и средства за тоа да го остварат!

И ЗАТОА историјата, како учителка на животот, повторно не враќа назад за да ја научиме лекцијата што со векови одбиваме да ја разбереме!
Историјата не враќа повторно во состојба на ОКУПАЦИЈА! Според мене – ова е последната шанса нешто да разбереме и да ПРОМЕНИМЕ кај себе, и како поединци и како народ и како држава и како Црква, онака не очекува само окупација до исчезнување!
Историјата е толку милосрда за мудрите, моралните, обединетите и визионерите колку што е немилосрда за глупавите, неморалните, разединетите и безидејните!

ПОВТОРНО ОКУПАЦИЈА – како лекција и проверка!