Католичката црква во баварскиот град Шехен ќе мора да изврши нова церемонија на осветување, откако е утврдено дека двојка имала секс во најсветиот простор во храмот.
„Таквото валкање треба да се исправи со покајнички обред во согласност со литургиските книги, особено во однос на чувствата на верниците“, изјави портпаролот на епархијата.
Церемонијата на повторно благословување вклучува попрскување на олтарот, верниците и црковните ѕидови со света вода како знак на прочистување, според црковните претставници.
Жената е казнета парично откако имала секс во црква, а мажот е обвинет и за други кривични дела, објави во вторникот баварскиот суд.
Тој, меѓу другото, бил обвинет за попречување на практикувањето на религијата и за „навредливо дело на место наменето за богослужба на верска заедница“, се вели во обвинението.