Повторно побегнал затвореник, близок на раководството на СДСМ

По неодамнешното бегството на осуденикот за убиство од затворот Идризово, пред десетина дена се случило уште едно бегство, овојпат како што известува телевизијата Алсат, од истражниот затвор во скопската населба Шуто Оризари,

Информацијата за Алсат ја потвврдиле и од затворската управа, а заменик-директорот Садуш Арифи рекол дека на бегството се случило на 14-ти јануари а дека бегалецот е Нафи Абдиоски, осуден на осум месеци затвор. Тој избегал околу 17 часот, а од затворот велат дека ги известиле сите надлежни.

„Не беа направени никакви отстапки во текот на постапките од неговото доаѓање од притвор врз основа на одлуката на правосилната казна изречена од Основниот суд Скопје од 8 месеци затвор, од кои тој имаше издржано речиси 3 месеци. Врз основа на досието, од страна на класификацијата во Секторот за ресоцијализација, му бил одреден третман со група Б (полуслободно). Истото лице имало и повеќе други кривични дела во постапките во различни судови во државата“, го цитира телевизијата Арифи.

Од Министерстовото за внатрешни работи изјавиле дека се информирани за бегството и ги преземаат сите мерки за негово пронаоѓање.

„Лицето издржувало затворска казна во траење од 8 месеци во Затвор Скопје за сторено кривично дело измама по чл.247, стр. 3. По наредба на КПУ Затвор Скопје од 16.01.2023 година, распишана е централна потерница за бегство од затвор, за издржување казна во траење од 7 месеци и 15 дена“, рекле од МВР.

Абдиоски може да се забележи на некои фотографии на социјалните мрежи со актуелни владини, но и поранешни функционери, во прв ред со поранешниот премиер и лидер на владејачката СДСМ, Зоран Заев, како и со неговиот сопартиец сѐ уште актуелен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според медиумите може да се забележи и на снимки со претседателот Стево Пендаровски, со неговиот портарол Миле Бошњаковски, но и со сега обвинетиот поранешен генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири.

За Абдиоски повеќе медиуми пишуваа дека е многу близок до раководството на СДСМ и во минатото бил ангажиран за партијата во текот изборите.

Абдиоски беше уапсен во февраури 2020 година, како што тогаш беше објавено, поради тоа што веќе бил осуден на шест месеци затвор, а по него се трагало и за повеќе други кривични дела.