Повторно почувствуван земјотрес во Македонија

36

Tелеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вчера во 20 часот и 56 минути регистрирше зeмјотрес, чиј епицентар се наоѓа 40 км западно од Скопје, во подрачјето на Гостивар.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.2. Според досегашните податоци зeмјотресот беше почувствуван од населението во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Скопје, Неготино зeмјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени според истата скала.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.