Повторно повик САД да ги отфрлат тужбите против Асанж

Генералната секретарката не меѓународната одгранизација Amnesty International, Ањес Каламар, ги повика во вторникот САД да ги отфрлат тужбите против основачот на разобличувачкито ресурс WikiLeaks, Австралиецот Џулијан Асанж, и британската власти веднаш да го пуштат на слобода.

Каламард апелот го упати во пресрет на рочиштетот коешто во Лондон ќе се одржи во среда, а на коешто ќе бидена вложена жалба на одлуката на британскиот суд да не го екстрадира Асанж на САД каде што го очекуваат обвинувања за објавување воени тајни досиеја, дипломатски преписки и други непријатни сознанија на WikiLeaks, за што може дури и да му биде пресудена смртна казна.

Високиот суд би требало до јануари да ја разгледа жалбата на одлуката за неизрачување. Таа одлука е донесена, како што беше образложено, поради загриженоста дека педесетгодишниот Асанж во американски затвор би можел да изврши самоубиство.

Организацијата за заштита на човековите права Amnesty International, се повика на истрагата на Yahoo News којашто откри дека америакнските безбедносни служби разгледувале можноста з арабнување или убиство на Асанж додека живеепе во еквадорската амабсада во Лондон.

„Овие извештаи уште повеќе го доведоа во сомнеж ветувањето коешто го дадоа САД и дополнително ја разоткрија политичката мотивација која стои зад овој случај“, изјави Каламард.

Асанж во еквадорската амбасада во Лондон мина седум години, за на крајот буквално да биде извлечен од зградата откако еквадорските власти му го ускратија гостопримството, односно му го укинаа азилот.

Во мандатот на поранешниот американски претседател Барак Обама кога потпретседател беше актулениот претседател Џо Бајден, САД подигнаа обвинение по 18 точки, кои се однесуваат на објавување доверливи информации за американските воени операции на Блискиот исток а кои се однесуваат и на сокриени извештаи за цивилни жртви, како и на доверливата коресподенција на американската дипломатија која откри многу непријатни забелешки за бројни светски челници, вклучително и за американските сојузници.

Приврзаниците на Асанж го сметаат за херој кој се жртвувал разоткривајќи ги американските противправни постапки во Авганистан и во Ирак, и наведуваат дека кривичните постапки против него се воедно и напад врз медиуми и слободата на говорот.

Ресурсот WikiLeaks стана глобално познат откако во 2010 година објави скриено видео на американската војска кој прикажува напад на борбен хеликоптер од типот „Apache“ во иранската престолнина Багдад во 2007 година, во кој загинаа десетици лица, вклучително и двајца новинари на агенцијата Reuters. Потоа следуваа и објавите на стотици илјади документи за воени операции и дипломатски депеши.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.