Повторно троцифрена бројка новозаразени со коронавирусот, уште пет смртни случаи

По понеделникот кога беше информирано за седумдесетина новозабоолени во изминатото деноноќие, денеска повторно бројката на коронаинфекции во земјата е троцифрена според министерството за здравство регистрирани со 120 случаи и пет смртни исходи од Covid-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 7.244,  бројката на оздравени пациенти е 3.324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.569.

Министерството за здравство во вторникот информира дека во последните 24 часа се направени 1,367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на Covid-19, и тоа: во Скопје-63, Куманово-4, Дебар-6, Штип-4, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-6, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-12, Свети Николе-1 и Кичево -1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од: Скопје-82, Штип-1, Тетово-30, Струга-2, Битола-2, Гостивар-2, Кочани-4, Пехчево-1, Ресен-1.

Од починатите пет лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 65 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово се починати две лица вон болнички услови на возраст 78 и 76, кај едниот од починатите ковид 19 е дијагностициран постмортем.