Повторно воспоставен сообраќајот на белградскиот аеродром

Белградскиот меѓународен аеродром „Никола Тесла“ е отворен за сообраќај во средата по речиси седумчасовната блакада поради проблеми на авион на египетската воздухопловна компанија „ Egypt Air“ кој во средата рано утрото по слтувањето остана на пистата.

Директорот на аеродромот Саша Влаисављевиќ изјави за медиумите дека египетскиот авион од типот „ Boeing 737-800“ утрово, кусо по четири часот, слетал и поради технички проблеми останал на пистата, бидејќи му се блокирале трклата од главниот стаен трап.

Авионите кои летаа кон Белград беа пренасочувани кон другите аеродроми во регионот, а на белградскиот аеродром се создаде мешаница, бидејќи стотици патници чекаа на нивните запрени летови.

Египетскиот авион бил на чартер лет и без патници. Потоа бил истуркан од слетно-полетната платформа. Во текот на проверката е утврдено дека пистата не е оштетена, а првите влезови на патниците во авионите започнаа и во следните неколку часа се очекува нормализација на воздушниот сообрачај над Белград.