22.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Повторното свикување на распуштениот македонски парламент е алиби и бегањето од одговорност на СДСМ

Тони Менкиноски на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишува дека повторното свикување на распиштеното собрание е алиби и бегање од одговорност на СДСМ.

-Повторното свикување на распуштениот Македонскиот парламент е алиби и бегањето од одговорност на СДС
Нема да се осврнам на начинот со кој се сака да се свика Македонскиот парламент повторно, зошто сметам дека професорите по Уставно право јасно укажаа дека тоа не е во рамките на Македонскиот Устав! Врз основа на членот 68 став 2 и членот 63 став 6 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија на седница одржана на 16 февруари 2020 година донесе Одлука за распуштање на Собранието на Република Македонија објавена истиот ден во “Службен весник на Република Македонија“ број 43/2020. Одлуката за самораспуштање е во сила и тука завршува приказната!
Но ќе се осврнам на причините поради која тоа се бара , а имено тоа е потребата да се озаконат незаконските постапки и уредби на Владата на СДС во периодот на вонредна состојба во Македонија. Па така, се поставува прашањето зошто беа потребни уредби за платите на СЈО , за минерални суровини и така натака.
Наместо Владата на СДС да се посвети и фокусира на благосостојбата на македонските граѓани и да се преземат сите потребни мерки за заштита, тие се фокусираат на нивните феудални интереси и спасување на нивниот личен профит.
Според аналогијата и квази логиката на предлагачите од СДС за повторно свикување на распуштениот Македонскиот парламент, можно е и првиот парламентарен состав од 1991 година да побара да се состане !!! Ваквото дивјачко и насилничко однесување во правото не само што не е дозволено туку и е надвор од секаков разум и е во спротивност на принципот на правна сигурност!, пишува во неговиот пост на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.