„Power Plate“ – брз начин на согорување на калориите и зацврстување на телото

Лудилото наречено „Power Plate“ се чини го зафати целиот свет и не бира професија, пол, физичка подготвеност или пак цел која сакаме да ја постигнеме.

Уште од моментот кога Мадона го претстави овој револуционерен начин на вежбање „Power Plate“ како брз и ефективен начин на согорување на калориите и зацврстување на телото во исто време, интересот за овој начин на вежбање прерасна од тренд во опседнатост, па така голем дел од славните личности, како моделите Клаудија Шифер и Ел Мекферсон, или пак актерките Хилари Свонк и Рејчел Вајс го прифатија Power Plate како дел од нивната дневна рутина.

Но, листата на познати личности не завршува тука – голем дел од актерите, пејачите и спортистите се заразија од овој вид вежбање – Клинт Иствуд тврди дека овој метод е совршен за да остане во форма и за да може да ја одржи кондицијата за да се посвети на дневните обврски, дури и во 83-тата година од животот.
Стинг исто така има само пофални зборови за методот, кој го нарекува “револуционерен”.

Спортистите исто така имаат само пофални зборови за Power Plate – Серена Вилијамс е редовен промотор на оваа машина за вежбање. И голем дел од спортските тимови го користат Power Plate за нивните кондициони тренинзи, а кондиционите тренери велат дека се презадоволни од резултатите.

Што е точно Power Plate? – Power Plate е машина која им дава на мускулите на телото брзи вежби, преку употреба на вибрации, со цел да ги стимулира на контракции и на опуштања. Во нормални услови, контракциите се случуваат еднаш или два пати во секунда, но со стоењето на Power Plate машината, вибрациите предизвикуваат автоматски рефлекс, со што контракциите се зголемуваат од 30 до 50 во секунда.

Од тие причини Power Plate се смета и за голем заштедувач на време, поради ефективноста на тренингот и фактот дека голем број на мускули во телото се активираат во исто време, што не е случај со поголемиот дел на анаеробни вежби. Се смета дека 25 минути вежбање на Power Plate соодветствуваат со 60 минути конвенционален кондиционен тренинг.

Кои се бенефитите на Power Plate? – Пред се, поради кратките тренинзи кои имаат ефект за брзо време, Power Plate најчесто е избор на луѓето со динамичен начин на живот, кои поради големиот број на обврски не можат да посветат поголем дел од денот на вежби, меѓутоа истовремено Power Plate е користен од спортистите како загревање и кондициона вежба пред почетокот на нивните тренинзи.

Со регуларни вежби на Power Plate машината, во комбинација со регуларен, прогресивен тренинг, обликувањето на телото е многу побрзо од само нормално вежбање. Истовремено, и килограмите се топат многу побрзо отколку само со практикување на аеробни или на анаеробни вежби.

Совети за почетници – Power Plate e машина со која вежбите се прават побрзо и мускулите се активираат повеќе – што значи дека на почеток не смеете да претерувате со вежбање и премногу да ги напрегнувате вашите мускули. За почеток, 10 минути вежби за почетници се сосема доволни, за веќе од втората седмица да започнете со малку покомплицирани вежби, па така на секои неколку дена да додавате се повеќе и повеќе вежби во десетте или петнаесет минути на Power Plate.

Држењето е и повеќе од важно за правилно изведување на вежбите, добивање на посакуваните ефекти, но и како превентива од повреди. Слушајте ги советите на вашиот инструктор во врска со држењето на телото за секоја вежба и доколку имате потешкотии на почетокот, побарајте вежба која помалку ќе ги оптовари вашите мускули.

И покрај тоа што резултатите на Power Plate доаѓаат за релативно кратко време, голем дел од луѓето по првиот успешен месец и првите видливи резултати стануваат фанатици и започнуваат да го надминуваат препорачаното време од 10-15 минути, што е голема грешка. Не само што предолгото вежбање ќе се одрази на состојбата на вашите мускули, туку може и премногу да го преоптовари вашето тело, особено во пролетните и летните месеци, каде телото губи значително повеќе вода. Сигурно не сакате да колабирате за време на вежбите.

Комбинирајте ги вежбите. Ефектите нема да бидат видливи доколку правите само една или сет од неколку вежби секој ден, по ист редослед. Тајната е во комбинирањето на вежбите една со друга, како и комбинирање на вежбите со Power Plate заедно со други вежби и спортски активности.

Доколку се уште се колебате дали да започнете со овој начин на вежбање, можете да го посетите „Power Plate студио“ на улица „Аминта Трети“ бр.64А во центарот на Скопје. Сите членови на студиото вежбаат поединечно со  еден од тренерите, Далибор Јовановски, кој е всушност е специјализиран фитнес инструктор по Power Plate. Можеби токму ова ќе биде вашиот избор за доведување на вашето тело во форма за следното лето.