Пожар на влезот во индустриската зона во Василево

536
фото миа

Пожар на влезот во индустриската зона на магистралниот пат Струмица- Радовиш, на клучката кај селото Василево избувна во понеделникот. Според непотврдени информации, опожарен е салон за мебел.

Во близина на салонот се наоѓа и бензиска пума која засега не е зафатена од огнот. Огнените јазици и црниот чад можат да се забележат од огромна далечина.

Неколку возила на противпожанатра единица од Струмица го гаснат пожарот, а засега патот кај клучката за Василево е прооден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.