Пожар во Капиштец , се запалил стан

Пожар избувнал попладнево во една од зградите во скопската населба Капиштец. Целосно е опожарена терасата на еден од станарите.

Според информациите од командирот на противпожарната бригада Благоја Менковски пожарот избувнал на една од терасите во зградата.

На лице место излегле пет противпожарни возила и пожарот веднаш е ставен под контрола. Повредени нема, причинета е само помала материјална штета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.