Пожар во винарска визба во Франција уништи 250.000 литри коњак

Околу 250 илјади литри од прочуениот француски коњак се уништени во пожарот кој избувна во винаријата во депармантот Шаран (Нова Аквитанија) во западна Франција, објави во неделата телевизијата BFM.

„Пожарот започна на покривот од објектот каде што се наоѓале сончеви панели, а потоа го зафатил и подрумот“, изјавил портпаролот на локалната противпожарна служна, Давид Барден. Додал дека коњак е алкохол од 40 степени и затоа има висок капацитет за запаливост како и дека испарувањата од алкохолот може да биде причина за избувнување пожар.

Пожарот избувнал во саботата попладне, но неговото ширење било ставено под контрола дури во вечерните часови. Повеќе од 70 пожарникари биле ангажирани во гаснењето на огнот.

„Успеавме да ја спасиме од огнот фабриката во близина, како и 12 земјоделски машини“, додал Барден, Во моментов полицијата ги утврдува точните причини за пожарот и големината на штетата.

Според прилогот на BMF, на територијата на департманот Парант има околу пет илјади подруми и илјадници дестиларници од кои 22 се класификуваат како „Sevaso“. Во целиот регион на годишно ниво се произведувуваат околу 55 милиони литри алкохолни пијалаци кои подоцна го минуваат процесот на ткн одлежување.