Пожарите во Калифорнија запалени од пукната камионска гума

Камионска гума што пукнала при возење е причина за почеток на шумските пожари што опустошија огромни области на Калифорнија во текот на изминатите две недели, јави Си-Ен-Ен.

Инцидентот се случил на 23 јули, на пат во близина на градот Рединг кога пукнала гума на приколка за камион. Како што наведуваат од телевизијата, ваквите инциденти се вообичаено во копнениот сообраќај кога поради жешкиот асфалт доаѓа до пукања на гумите. Во овој случај искрите одлетале надвор од коловозот и ја запалиле тревата.

Во пожарот што американските медиуми го нарекоа „Кар“, досега загинаа шест цивили и двајца пожарникари, уништени се 134.000 хектари, а пожарот се уште беснее.

Според експертите, последиците од „Кар“ ќе ја чинат државата милијарди долари во следната деценија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.