Кај Макарска синоќа избувна пожар кој се уште не е локализиран.
Противпожарниот оперативен центар на сплитската жупанија околу два часа по полноќ добил дојава за пожар на отворен простор, во месноста Горњи Игране кај Макарска, јавува Индекс.хр.
Пожарникарите изјавија дека од пожарот е зафатена трева, ниска вегетација и борова шума, на површина која се уште не е проценета.
Во гаснењето на пожарот се вклучени 32 пожарникари со 12 противпожарни возила, како и еден противпожарен авион Канадер ЦЛ 415.
ФОТО: TANJUG/HINA