Пожар избувна кај Гевгелија

41

Пожар избувна денеска и во гевгелиско. Како што информира Центарот за управување со кризи, активен пожар на стрништа и сува трева по ниви има долж пругата од селото Мрзенци кон селото Давидово.

Во гаснењето учествуваат екипи од ТППЕ Гевгелија со 20 пожарникари и 4 возила, а на помош во гасењето на пожарот се вклучени и ТППЕ Валандово и доброволното противпожарно друштво Дојран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.