Пожар на грчкиот остров Закинтос

Шумски пожар избувна во селото Мегала Алонија, кое се наоѓа на јонскиот грчки остров Закинтос, пренесува Катимерини.

Информациите од теренот говорат дека со пожарот се справуваат над 20 пожарникари со 10 противпожарни возила, а во гаснењето е вклучен и еден хеликоптер.