Пожар на најпознатата плажа во Хрватска

На најпознатата плажа во Хрватска Зрче на островот Паг синоќа избувнал голем пожар.

Како што пишува „Јутарњи лист“, со пожарот се борат и пожарникари од Доброволната противпожарна бригада на Новаља.

На помош на пожарникарите пристигнало и противпожарно возило.
ХАК јавува дека сообраќајот на државниот пат ДЦ106 Паг-Новаља во Новаља е во прекин поради пожарот кој избувнал околу 3 часот утринава.

Откако бил забележан пожарот, клубовите на плажата Зрче веднаш ги упатиле гостите кон излезите и кон автобусите и такси-возилата за што поскоро да ја напуштат плажата

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.