Пожар на траект во Грција, евакуирани над 600 луѓе

Пожар избувнал на фериботот „ Olympic Champion“ во пристанишетот Игуменица во западна Грција, по што започнала евекуацијата на повеќе од 600 патници и членови на екипажот, јавува агенцијата AMNA.

На бродот имало 538 патници, 75 членови на екипажот и 293 автомобили, соопштиле локалните пристанишни власти.

Пожарот избувнал во два камиона во гаражата непосредно откако фериботот го напуштил пристаништето, а евакуацијата на патниците и екипажот започнала во 8,20 часот по локално време и набрзо е завршена. Само две лица поради респираторни проблеми биле пренесени во болницата во Игуменица.

Пожарот е ставен под контрола благодарејќи на активирањето на автоматските системи за гаснење пожари, а и со помош на противпожарни пловила и возила, кои дошле и од соседните општини. „ Olympic Champion“ е изграден во 2000 година, долг е 204 а широк 26,13 метри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.