Пожар над селото Страчинци на Скопска Црна Гора

Пожар избувна попладнето над селото Страчинци на планината Скопска Црна Гора и се движи кон кумановското село Мојанце. Зафатена е ниско стеблеста шума, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

– Три возила со 10 пожарникари се на терен. Дејствуваме за да се спречи проширување на пожарот во шумата. Зафатена е голема површина од околу три до четири километри, додаде Симоновски.

Пожарот во делот на Скопска Црна Гора поточно село Страчинци непристапниот терен и ветарот ни ја отежнуваат работата но сепак бидете спокојни и во оваа Борба со огнената стихија ке победиме. Ова го напишаа вечерва на Фејсбук од Пожарна Скопје.

Огнот веќе беснее со часови, а пожарникарите даваат се од себе.