Пожар уништи 300 згради во древен тибетски град

Пожар уништи близу 300 објекти во древен тибетски град во популарниот кинески регион Шангри Ла, јавува АФП.

Пожарот во Гиаптанг, што се наоѓа во регионот за кој се претпоставува дека е инспирација за митската Шангри Ла на писателот Џејмс Хилтон, уништил речиси две третини од стариот центар на градот.

Точно 242 дрвени згради изгореле во градот пто датира од пред 1300 година, а други 43 биле урнати за да се спречи ширење на пожарот.

Градот се претвори во популарна туристичка дестинација благодарение на новелата на Хилтон од 1933 година насловена како „Изгубениот хоризонт“, која го опишува митското место Шангри Ла.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.