Пожар во царински склад, двајца вработени хоспитализирани

Во СВР Скопје од Противпожарната единица од Скопје било пријавено дека вчера во 08:30 часот  во јавен царински склад на ул.„Јадранска магистрала“, сопственост на А.М.(41) од Скопје настанал пожар, при што била опожарена една комора.

Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје, а вработените Р.М.(47) и Џ.М.(27), двајцата од Скопје, поради вдишување на чад, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.