Пожар во Центарот за бездомници во Чичино Село (ВИДЕО)

На социјалната мрежа Фејсбук се појави видео од пожарот кој синожа ја зафати бара во Центарот за бездомници во Чичино Село. Видеото првично е објавено во групата „Република Македонија – Трета запад“.

Во пожарот нема повредени.

 

Командантот на Територијалната противпожарна бригада од Град Скопје Владимир Симоновски изјави дека пожарот бил пријавен во 23:35, бил локализиран во 00:25, а целосно изгаснат во 07 часот.

Интервенирале со шест возила и 15 пожарникари за да го изгаснат пожарот што ја зафати бараката од 500 квадратни метри, во која во тој момент немало луѓе.