
На 06.10.2022 во 13.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, на место викано „Владаја“ во Дојран забележале пожар на нискостеблеста шума.
Тие излегле на местото и го затекнале П.П.(75) од с.Сретеново, дојранско, кој изјавил дека тој го запалил огнот и го изорал патот под напуштената караула Стар Дојран, сметајќи дека е негов имот, со што го отсекол пристапот до локациите.
Екипа на Територијалната противпожарна единица Дојран го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.
Увид бил извршен од екипа од ОВР Гевгелија и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.