Пожар во двор на училиште во Ново Село струмичко

Во СВР Струмица вчера околу 16.00 часот било пријавено дека во двор на училиште во с.Ново Село, струмичко, каде била поставена цистерна за гориво кое се користи за греење, настанал пожар.

Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица Струмица. Повредени лица нема.

Извршен е увид од увидна екипа и инспектор од Дирекција за заштита и спасување.