Трагедија во Кина, 16 лица го загубија животот во пожар кој избувнал во фабрика за чевли во кинескиот град Венлинг, во провинцијата Џеџанг.
Според локалните медиуми, пожарот избувнал утринава, а на пожарникарите им требале три часа да ја локализираат огнената стихија.
Во извештаите на медиумите се истакнува дека во фабриката за чевли имало големи количини на лепак и други запалливи хемикалии кои го отежнале гасењето на пожарот.
Во Кина ваквите несреќи се многу чести, а во последната таква голема несреќа, во јуни минатата година, кога изгоре фабрика за пилешки производи загинаа 121 лице.