Пожар во германска Зоолошка, над 30 животни се мртви

59

Во пожар кој избувнал во зоолошка градина во германскиот град Крефелд во првите часови од Новата година загинале повеќе од 30 животни, соопштија денеска локалните власти кои не ги коментираа наводите на медиумите дека огнот го предизвикал новогодишен огномет.

-Изгорел цел објект со мајмуни и сите животни кои биле во него се мртви, соопштија претстaвници на зоолошката.

Се уште не се знае причината за пожарот, а во тек е истрага за несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.