Пожар во хотел во Неготино, тројца повредени

На 21.06.2022 во 18:40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека настанал пожар во хотел на булевар „Маршал Тито“ во Неготино.

Од екипи на Територијалните противпожарни единици Неготино и Кавадарци пожарот бил изгаснат.

Притоа со повреди се здобиле С.Т.(41) од Неготино и двајца пожарникари од Неготино и сите биле задржани на лекување во ЈЗУ Здравствен дом – Неготино.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.