Пожар во Карпош: Целосно изгоре барака, друга е делумно зафатена

На 01.01.2021 во 07:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во барака на ул„Руѓер Бошковиќ“. Во пожарот една барака целосно изгорела, а уште една барака била делумно зафатена.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.