Пожар во казино во Ѓорче Петров

Пожарот кој претпладнево избувна во казино во Ѓорче Петров е изгаснат. Повредени лица и жртви нема, а противпожарната единица со пет возила со часови го гаснеше огнот. Командирот Ѕвонко Томевски за медиумите изјави оти пожарот бил затекнат во разгорена фаза во горниот дел од кровната коснтрукција на казиното.

Граѓаните пак велат објектот кој гори е стар со децении, но причината за пожарот не им е позната.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров пак Александар Стојкоски вели оти најважно е што нема жртви, а истрагата вели дополнително ќе ги утврди причините за пожарот.

Пожарот бил пријавен во МВР претпладнево во 10.41 минута, а по неколкучасовна интервенција на противпожарните служби пожарот беше изгаснат.