Пожар во Клиничкиот центар во Србија (ВИДЕО)

Пожар избувна во Клиничкиот центар на Србија во раните утрински часови, а според информациите. избувнал во серверската соба со кабли. Се појавија и први снимки кои ги објави Блиц.рс

На лице место биле 26 пожарникари – спасувачи со пет возила.

Пожарот во Клиничкиот центар на Србија е локализиран во 8 часот и 45 минути и неговата појава е во тек, соопштија од тамошното МВР за Танјуг. Како што беше прецизирано, дојавата за пожарот била примена утрово во 8 часот и 14 минути, а пожарот зафатил една просторија со кабли од околу десет метри квадратни во објектот во изградба, во склоп на Клиничкиот центар.

Се наведува дека работниците од градилиштето на новиот дел на Клиничкиот центар се засолниле по избувнувањето на пожарот и дека во инцидентот нема повредени.

Истрагата која треба да ги открие причините за пожарот ќе се изврши по целосно гаснење на пожарот, соопшти српското МВР.