12.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Пожар во млекара во велешко Ногаевци

Во пожар што избувнал изутрината околу пет часот во млекара во село Ногаевци изгореле кровната конструкција и дел од машините.

Како што изјави Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес, во пожарот изгрела кровната конструкција и дел од машините во млекарата.

Увид на лице место се уште врши екипа на СВР Велес.

Материјалната штета ќе се утврдува дополнително.