Пожар во околината на Лос Анџелес, илјадници луѓе повикани да се евакуираат – уапсени двајца осомничени

Шумски пожар избувна во околината на Лос Анџелес, недалеку од националниот парк Топанга, илјадници луѓе беа повикани да се евакуираат, а голем број жители беа повикани да бидат во готовност и подготвени да ги напуштат своите домови доколку пожарот не биде ставен под контрола.

Сè уште не е утврдено што го предизвикало овој пожар, но противпожарната служба во Лос Анџелес објави дека пожарот е „сомнителен“ и дека истрагата е во тек, пренесува Танјуг.

Во извештајот на АП се наведува дека полицијата во Лос Анџелес уапсила и подоцна ослободила едно лице, како и дека е уапсен уште еден осомничен кога од вчера биле испрашувани од полицијата.

„Пожарот се засилува“, соопшти противпожарната служба, потврдувајќи дека огнот досега уништил површина од околу 5,5 квадратни километри.