Пожар во погон за био гориво во Василево

Се запалил погонот за производство на био дизел гориво Био Ди Ком во струмичко Василево.

Пожарот избувнал денеска околу пладне и веднаш бил пријавен од страна на вработените.

За среќа немало повредни, а екипи на противпожарната единица ќе останат да дежураат на местото со оглед на тоа што станува збор за погон за производство на био дизел гориво.

Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.