Пожар во Расадник во скопска Кисела Вода

167

Две противпожарни возила пристигнаа во населбата Расадник во Кисела Вода, по дојава за пожар кој според неофицијални информации, настанал во влезот во зграда на улицата „Христо Татарчев“.

Жителите на зградата во паника излегоа на улица, чекајќи пожарот да биде изгаснат.

Се уште не се знае која е причината за пожарот, ниту дали огнот зафатил некој од становите. Мирисот на изгорено се чувствува оддалеку, а во моментов противпожарните екипи се влезени во зградата за да проверат од каде точно настанал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.