Пожар во Сопиште, активирани се трите „ер трактори“

Пожар помеѓу селата Долно Соње и Добри Дол во Општина Сопиште е пријавен денеска во Центарот за управување со кризи.

Оттаму информираат дека во пожарот гори смрека.

– Веднаш била известена Бригадата за противпожарназаштита БППЗ на Скопје. Воздухопловна поддршка на противпожарните сили на земја се трите авиони на ДЗС, велат од ЦУК.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.