Пожар во Светиниколско, изгореа 20 хектари жито

На територија на Општина Свети Николе има пожар на земјоделски површини при што според неофицијални проценки се работи за опожарени повеќе од 20 хектари жито.

На лице место се екипи од противпожарната единица од Свети Николе, од Дирекцијата за заштита и спасување како и земјоделци, кои учевствуваат во локализација на пожарот.

За кратко време се очекува истиот да биде изгаснат.