Пожар во трговскиот центар „Блис“ во Битола, на неколку дена пред неговото отворање

Попладнево избувна пожар во новиот трговски центар „Блис“ во Битола чие отворање е закажно на 5 август. Причините засега се непознати. На терен се излезени екипи на Територијалната протипожарна бригада на Битола кои имаат помош и од противпожарниот тим на РЕК Битола.

Трговскиот центар беше во завршна фаза до свеченото отворање. Се редат рафтовите на продавници, се местат излозите на бутиците, меѓу кои ќе има и брендирани производи.

„Блис“ се наоѓа во близина на „Лидл“ чиј објект, исто така, е во фаза на изградба. За двата објекта во тек е асфалтирање на улиците за приод до нив, но нејасно е дали денешниот пожар ќе го одложи отворањето на новиот трговски центар во Битола.