Свет

Пожари беснеат на југот на Австралија, едно лице загина

Пожари беснеат на југот на Австралија, едно лице загина

Десетина шумски пожари и понатаму се шират во јужните делови на Австралија, а до сега најмалку едно лице го изгубило животот.

Пожарникарските служби соопштија дека во државата Викторија, се регистрирани 68 пожари, а во соседната држава Јужна Австралија има 16. Во двете држави температурите за овие два дена надминуваат 40 степени, а силниот ветер го зголемува ризикот од избивање на пожари.

Шефот на полицијата во Викторија, Кен Леј изјави дека едно лице го загубило животот во својата куќа, северозападно од Мелбурн, пренесува агенцијата АП.

Населението се советува да ги напушти своите домови, а властите стравуваат дека би можело да има уште жртви.

Станува збор за најлоши пожари кои ја погодија Викторија од 2009 година кога загинаа 173, а беа уништени две илјади куќи.

Поради високите температури, вчера беа прекинати тениските натпревари на турниот „Аустралијан опен“ во Мелбурн, каде што претходните денови некои учесници на турнирот паѓаа во несвест поради жештините, а многу тенисери ставаа мраз на главаата и вратот.