Пожари во Прилеп и Кочани

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани два пожари во Прилеп и Кочани каде за среќа нема повредени лица.

„На 26.05.2020 во Полициската станица Кочани било пријавено дека во 15.15 часот настанал пожар во куќа на ул.„Стамен Манов“ во Кочани, сопственост на Т.Е.(75). Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани. Во пожарот нема повредени лица, а увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Кочани.

На 26.05.2020 околу 19.10 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во куќа на ул.„Вардарска“, сопственост на К.Ј.(57), настанал пожар во кој била зафатена една соба. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.’ велат од МВР.