Пожарите во Асвтралија проголтаа цел град

Пожарите кои веќе со месеци беснеат во Австралија го проголтаа градот Балморал во Нов Јужен Велс каде сите куќи се уништени, а автомобилите се имаат стопено од високите температури.

Сите 400 жители на овој град навреме биле евакуирани, а за време на борбата на итните служби со пожарот биле повредени неколку пожарникари. Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклијан изјави дека од Балморал не останало ништо.

„Се е унишено, речиси нема останато ништо. На жителите не им е дозволено да се вратат на својот имот. Безбедноста е на прво место, ние сакаме тие што поскоро да се вратат на својот имот“, изјави таа.

Брендон О’Конор, шеф на против-пожарната служба на Балморал изјави дека градот бил на удар на два фронта и дека пожарникарите не можеле да сторат ништо затоа што резервоарите со вода биле испразнети.

Во оваа австралиска држава пожарите уништија или оштетија над 1,500 куќи.

Од септември кога започнаа пожарите, во Австралија животот го загубија девет лица, додека се уништени неколку милиони хектари шума и земјиште со ниско зеленило. Моментално само во Нов Јужен Велс се активни 98 пожари.