(ФОТО и ВИДЕО) Пожарите во Орегон уништија пет мали градови

Невидените пожари во американската сојузна држава Орегон уништиле пет мали градови, а властите стравуваат дека би можеле да биде причина за рекорден број загинати, изјави во средата ноќта по средноевропско време гувернерката на оваа држава, Кејт Броун.

Орегон е државата на американскиот запад која е најмногу погодена од пожарите, а регистрирани се повеќе од стотина огнени стихии кои се разгореа поттикнати од високите температури и силниот ветер. Во централниот дел на државата спасувачките служби ги извлекувале жителите од реката Сантиам откако таму се засолниле од пламените кои уништиле многу куќи на брегот, соопштија властите.

Гувернерката Броун за медиумите изјави дека пожарите го уништиле гратчето Сантиам Вали кај Детроит, Блу Ривер и Вида на брегот на округот Лејн, како и Феникс и Тејлент во јужен Орегон.

„Ова би можело да биде најголема загуба на човечки животи во историјата на нашата држава“, предупреди. Броун притоа не прецизираше за кој број човечки жртви би можело да станува збор, но еден од најсмртоносните пожари во Орегон бил во 1936 година, во кој загинале 13 лица, а уништен е градот Брандон.

Пожарникарите во Орегон, Калифорнија и Вашингтон се повлекле поради неконтролираната огнена стихија која натерала десетици илјади жители да се евакуираат од своите домови, додека илјадници останале без снабдување со електрична енергија.

„Тоа беше возење како низ пеколот“, изјавил Џоди Ивенс за локалните медиуми откако избегал од најголемиот пожар во Орегон, наречен „Beachie Fire“, кој се заканува со спојување со другите пожари на западот од државата.

Гувернерката рече дека сѐ уште не може да се здивне, дека ветерот продолжува да го „храни“ огнот и да го носи кон градовите, додавајќи дека во наредниот период ќе мора да бидат евакуирани уште илјадници жители на Орегон.

Климатските стричњаци го обвинија глобалното загревање за екстремните влажни и суви периоди на западот на САД кои предизвикале буење на травите и нискостеблестите растенија, а потоа нивно сушење што му погодува на ширењето на шумските пожари.

Во сојузната држава Калифорнија сите 18 национални паркови се затворени поради „невидените и историски околности со пожарите“. Ширум САД шумските пожари од почетокот на годината зафатиле површина од речиси два милиона хектара. Повеќето пожари избувнаа на западот од земјата, каде во средата се пријавени 17 нови пожарии, па нивниот број се зголеми на вкупно 96, а зафатиле област од околу 1,5 милиони хектари, што е приближно колку територијата на сојузната држава Конектикат.