Пожарникарите ќе потпишат нов колективен договор, инфромира градоначалничката Арсовска

Скопските пожарникари ќе потпишат нов колективен договор, информираше денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Таа вели дека поради несовесното работење на сегашниот командант Владимир Симоновски, но и тоа што пожарникарите континуирано се соочуваат со притисоци, проблеми и нереализирање на работничките права, седнала на иста маса со претседателите на двата синдикати и заменик-командантот.

„Тие на средбата ги истакнаа нивните барања да бидат осигурени, да бидат заштитени нивните работнички права, исплаќање на К-15, признавање на ноќна работа и соодветна исплата на дополнителни работни часови, за што побараа итно решавање од страна на ГрадотНа средбата е договорено дека се прифаќа барањето бодувањето наместо од правилникот за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што ќе бидат заштитени законските права на пожарникарите. Со новиот колективен договор ќе се прошират правата на вработените во градската администрација каде се вклучени и пожарникарите. Дополнително договорено е и да се исплати тоа што досега им беше ускратено, односно да се исплати надомест за работа во ден на неделен одмор и разликата од основата од онаа која досега исплаќана според членот 13 од Законот за пожарникарство. Овој горлив проблем кој претходниот градоначалник не успеа да го реши во својот мандат од четири години, ние го решаваме уште во првите 82 дена од мандатот“, пишува на Фејсбук градоначалничката Арсовска.