
Како што најавивме денеска на прес конференцијата се наоѓаме овде во Берово, во беровско Будинарци, ситуацијата како што можете да видите во моментот би рекол е привидно под контрола, иако од мештаните можевме да слушнеме дека вечерта била навистина предизвикувачко и благодарение на вончовечките напори на пожарникарите, на мештаните, но и на помошта којашто пристигна од Австрија и Словенија, пожарот бил ставен под контрола, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– Од заднина се гледа дека сè уште гори и тоа коешто можам да го заклучам, а и врз основа на тоа што го слушнав од луѓето, дека целата ситуација се менува од час во час. Ова се луѓе херои коишто навистина вложија вончовечки напор, да би рекол, вонинституционално ги стават пожарите под контрола. Од најавата слушнавме дека на помош ќе дојдат канадери коишто ги испраќа Романија за некои половина час од овој момент. Се надеваме дека со тоа ќе биде изгаснат пожарот овде во Берово и дека на тој начин практично целата оваа ситуација ќе биде ставена под контрола – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.