13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Пожарникарите од Скопје во потрага по преживеани под урнатините во Драч

Против пожарната бригада на град Скопје откако вчера се упати кон Драч денеска на својата Фејсбук страница споделија фотографии од ужасот во кои со сета сила и напори се обидуваат да пронајдат и спасат што поголем број на преживеани луѓе под урнатините.

Имено пожарникарските херои речиси во текот на целата ноќ работеа на пронаоѓање на преживеани луѓе по страотниот земјотрес кој вчера рано утрото ја погоди Албанија, а беше почувствуван на целиот Балкан.

-3:30 часот Драч-Албанија. Се работи на терен се уште БППЗ Скопје, стои во нивниот пост на Фејсбук.