Пожарникарите спасија стотици лица од опожарениот Светски трговски центар во Хонг Конг

Пожарникарите денеска спасија неколку стотици лица кои се качија на покривот на Светскиот трговски центар во Хонг Конг и останаа заробени откако во облакодерот избувна голем пожар.

Пожарот беше изгаснат неколку часа подоцна, соопшти противпожарната служба.

Покрај стотиците лица на покривот, десетици други беа заглавени во отворените, н о тесни, простории на петтиот кат.

Пожарникарите користеле скали што се расклопувале за да стигнат до нив.

Од зградата се спасени вкупно 770 лица, а 40 од нив сами излегле.

Најмалку 13 лица се префрлени во болница, од кои тројца поради повреди, а десет поради вдишување чад.

Во кулата од 38 ката има и деловен простор и трговски центар.

Прелиминарната истрага укажува дека пожарот избувнал во просторија со електрични прекинувачи, на првиот кат од трговскиот центар, а потоа се проширил на скелињата што  опколувале дел од зградата.