Пожарот од Пехчево наближува до Бугарија, чад се чувствува во Благоевград, Симитли и Сандански

Паника и страв има во Бугарија дека пожарот од наша ќе премине на нивна територија.

Пожарот од Пехчево се наближува до Бугарија, јавува бугарската агенција БГНЕС.

БГНЕС јавува дека огнот е на два километри од границата, а чадот се чувствувал до градовите Благоевград, Симитли, па дури и до Сандански. Од општината Симитли, излегле со соопштение до жителите на високопланинските села да бидат внимателни и да се обидат да се симнат во градот.

Во меѓувреме бугарскиот службен премиер Стефан Јанев изјави дека ако состојбата со пожарите продолжува да се влошува во Бугарија ќе побараат помош со авиони од други земји. Тој прецизираше дека во моментов државата има само еден хеликоптер за гаснење пожари. Бугарски пожарникари веќе помагаат во источна Македонија. Помагаат и Србите со хеликоптери и Словенците со пожарникари и возила.