Позитивен природен прираст во второто тримесечје

Позитивен природен прираст во второто тримесечје од годинава бележат податоците објавени од страна на Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од годинава во Македонија се родени 5.683 бебиња што во споредба со истиот период минатата година претставува намалување за четири проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Позитивен природен прираст во второто тримесечје од годинава
Позитивен природен прираст во второто тримесечје од годинава

Според податоците од ДЗС, бројот на умрени лица во овој период бележи зголемување од 2,3 проценти и изнесува 4.892 лица. Од нив 48 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 791 лица што значи за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрени лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 8,2 проценти, додека бројот на разводи е намален за 12,4 проценти. Во овој период се склучени 3.710 бракови и евидентирани 495 разводи.

Во Неготино зголемен наталитетот

Раст на наталитетот во Неготино. За една година наталитетот во општината бележи раст од осум отсто, информираа вчера од тамошната локална самоуправа.

Како што информираат, во периодот од 30-ти август 2013 до 30-ти август 2014 година во општина Неготино се родиле вкупно 176 деца, додека во периодот од 30-ти август до 2014 до 30-ти август 2015-та година родени се 190 деца.

Годинава се раѓаат по 18 деца месечно

Од општината посочуваат дека во просек во 2013 година се раѓале по 13 деца месечно, во 2014 по 15, а во првите 7 месеци од оваа година бројката е зголемена на 18 новородени деца месечно.

Инаку со цел зголемување на наталитетот во општината, локалната саоуправа презема конкретни мерки. Во последните две години на секое семејство кое има новороденче му се доделува финансиска поддршка во висина од 7.000 денари.

Продолжуваме со спроведувањето на оваа мерка и во наредниот период, со очекување бројот на новороденчиња континуирано да се зголемува, велат од локалната самоуправа.